ШоуБиз

Ева ти ли си?

Фотошопот може да ве разубави, но може и да ве направи ужасни. Доказ за тоа е сликата на Ева.

Таа важи за една од најубавите и најсексипилните жени на денешницата. Но, што успеаа да направат од неа со помош на фотошоп?

Таа се најде на насловната страна на италијанскиот магазин Amica, но ретко кој може да ја препознае.

Како да не е доволно тоа што ја сликале на стол во соба, па подоцна е ставена позадината од плажа, па уште и комплетно е сменет нејзиниот личен опис. Јаболчниците и вилицата и се цртани, усните стеснети, а тенот избледен за две до три нијанси. И да потврдиме, да, ова на сликата е Ева Лонгорија, во случај да не ја препознавте.

Напиши коментар