Нешто за мажите кои го почитуваат класичниот стил на облекување.
Претстојнава сезона се препорачуваат троделни костими. Панталони, елек и палто. Нив може да ги искомбинирате со кошула и вратоврска или пак со обична памучна ролка. Може да забележите дека марамчето во џебот е повторно ин, па може слободно да го употребите како аксесоар.
Боите се адекватни на ова годишно време, па светлите и весели бои заменете ги со темните нијанси на сива, сина или пак одете на класичната варијанта црно-бело.










