Здраво тело

Еве како повторно ги изиграа пушачите!

Е – цигарите, или електронските цигари, се промовираат како сигурна алтернатива за пушењето. Меѓутоа, новата студија објавена во списанието Chest, покажува дека  Е – цигарите предизвикуваат брзи промени на дишните патишта така што и не се баш многу сигурни како што порано се мислеше.

БИТКА ПРОТИВ СМРДЕАТА

Десет добри причини за да направете пресврт во животот

Пушачите ги користат за да вдишуваат пареа од течен никотин место да пушат обични цигари. Всушност многумина би сакале да пушат без да се изложуваат на отровите кои се наоѓаат во димот на цигарите. Освен тоа, на тој начин другите не се изложени на пасивно пушење.

Малата студија во која се вклучени 30 здрави непушачи е спроведена од научници од Грција под водство на Constantin I. Vardavas од Center for Global Tobacco на Harvard School of Public Health.

По само пет минути користење на е- цигара кај испитаниците дошло до знаци на воспаление и стегања на дишните патишта. Научниците ги вознемири  тоа што до промени дошло веќе со само пет минути користење на е-цигарата, па се прашуваат  што би се случувало со долготрајно користење на таквите цигари.

За разлика од класичните цигари кои содржат на стотина токсични состојки,  е- цигарите содржат само пет: никотин, вода, пропилен гликол, глицерол и мирис. Производителите тврдат дека не постојат негативни здравствени ефекти од пушењето на е-цигарите, но новата студија покажува дека тоа можеби и не е така сигурен производ.

Ако сакате да престанете со пушењето лекарите препорачуваат да ги користете стандардните помагала, никотински гуми за џвакање и фластери, а не е-цигари.

Напиши коментар