ШоуБиз

Еве на кои места познатите одат на меден месец…

Тие се богати, моќни, успешни… можат да си го дозволат секој луксуз кој ќе го посакаат. Ова се местата на кои познатите го поминаа својот меден месец:

Монтесито – Калифорнија

На големиот ранч Сан Исидоро, блиску до Санта Барбара својот меден месец го поминале многу славни личности. Тука биле Џон Кенеди со Жаклина, Џулија Робертс со Дени Модер, а нешто покасно и Џеј Ло со Марк Ентони. Ранчот е луксузен, има многу бунгалови кои располагаат со секакви луксузни можности. Џеј Ло го сакала токму апартманот кој го користеле Кенеди, па дури и прашала дали е истиот кревет.

Кабо Сан Лукас – Мексико

Актерката Гвинет Палтроу и солистот на групата Coldplay – Крис Мартин во 2003 година го поминаа својот меден месец во хотелот Есперанса, во познатото мексиканско летувалиште Кабо Сан Лукас. После неколку години, парот се вратил на истото место со ќеркичката Епл.

Фајф – Шкотска

Во романтичниот дел на Шкотска, под името Фајф се наоѓа хотелот Old Course Hotel. Таму го поминаа медениот месец Кевин Костнер и неговата сопруга Кристина. Во хотелот кој потсетува на замок не може да стигне ниту еден папарацо.

Островот Фиџи

На срхипелагот Фиџи во Тихиот океан доаѓале многу познати парови, меѓу кои се Џесика Симпсон и Ник Лисе, Бритни Спирс и Кевин Федерлајн…

Сен Тропе – Франција

Хотел Byblos на азурната обала е познато место. Тука често доаѓала Брижит Бардо со своите љубовници. Тука веднаш по венчавката дошле и Мик Џегер со сопругата Бијанка.

Националниот парк Cobe – Боцвана

Во егзотичната савана, медениот месец го поминаа Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. На одмор во овој луксузен хотел биле и многу други познати парови.

Напиши коментар