Убавина

Еве што треба секоја жена да научи од Мерлин Монро

Холивудската заводница ги доведувала мажите до лудило со својот невин поглед и изглед на секс бомба. Еве што секоја жена треба да земе како пример од Мерлин Монро:

Никаде без совршена фризура

Славната актерка никаде во јавност не одела без фризура. Секогаш чиста и секое влакно на свое место.

Истакни го струкот и слави ја својата женственост

Облеката е важен момент за да оставите добар впечаток. Истакнете го струкот и не се срамете од своите облини, тие денес се на висока цена.

Глуми самодоверба се додека не ја стекнеш

Мерлин Монро имала многу психички проблеми, но јавноста не го ни насетувала тоа. Таа секогаш била ведра и насмеана. Иако по природа била повлечена и срамежлива личност, несигурна во својот изглед , глумела горделива секси жена се додека не станала таква.

Веѓите се главен дел на лицето

Секогаш со средени веѓи, кои совршено го истакнувале нејзиниот поглед.

Пронајди го твојот идеален парфем и нека стане твој заштитен знак

Спијам гола со капка Chanel 5  на својата кожа, изјавила Мерлин. На тој парфем останала верна се до својата смрт, а нејзините соработници изјавувале дека по нејзиниот мирис можеле од далеку да го насетат нејзиното присуство.

Напиши коментар