ШоуБиз

Еве со кого Ким ја изгубила невиноста

Ким Кардашијан кога беше гостинка во шоуто на Опра призна дека нејзината мајка и давала апчиња кои го спречуваат забременувањето уште на 14 години. Таа тогаш откри дека ја изгубила невиноста со момче кое била во врска две години. Но, идентитетот останал мистерија.

Сепак и тоа се дозна. Поранешната дадилка на Ким, која работела за семејството од 1991 до 1996 година решила да објави книга со сите авантури и пикантерии од животот на семејството Кардашијан.

Во неа се открива за многу нешта, а една од нив е дека Ким била во две годишна врска со Ти Џеј, вникот на покојниот Мајкл Џексон.Токму со него Ким ја изгубила и невиноста.

Сега Ти Џеј е женет човек кој воопшто не наликува на човек кој би позирал до Ким.

Во книгата се напишани сите љубови на Ким, секој дечко и секој почеток и крај.

Дадилката изгледа го пронашла вистинскиот начин да профитира.

Напиши коментар