Пред да стапи во брак со Кејти Холмс, Том Круз имал неуспешен обид да ја освои и ожени Софија Вергера.
Тој се запознал со неа преку својот пријател кој исто така бил скиентолог, Вил Смит. На забавата која се организирала пред Оскарите, Вил и се јавил на Софија и ја поканил. Убавицата ја прифатила поканата и отишла на забавата. Таму Том се пуштил во акција, со цел да ја освои. Деновите потоа и праќал смс пораки, цвеќе, чоколади…
Но, Вергера на своите блиски пријатели им рекла дека Скиентологијата е она што ја спречило да започне било што со него. Ако започнам нешто, ќе горам во пеколот, им кажала Софија на своите пријатели.

Додека пак Том, се надевал, па дури и ја запознал со своите деца и ја гледал како потенцијална сопруга.
