Од децата може да научиме многу работи, па и тоа дека треба да се радуваме и смееме и на најмалите ситници. Од смеењето произлегуваат многу позитивни нешта. Ова се некои од причините зошто би требало да се насмеете сега:
Насмевката ве прави попривлечни
Веќе многу пати до сега сме кажале дека насмевката е една од работите кои први ги забележуваме кај спротивниот пол. И ако сакате бесплатно да го разубавите својот изглед тогаш само насмејте се.
Смеењето е заразно
Насмевката не само што ќе ве направи поубави, туку ќе ве направи расположени и вас и лиѓето околу вас. Дружењето со позитивни луѓе позитивно влијае на вашето расположение, одлуки и воопшто на животот.
Смеењето не ослободува од стресот
Стресот се гледа на нашето лице, па колку и да се трудите да го прекриете со најскапата шминка. Само насмевката може да го оттргне стресот од вашето лице, но и од вашите мисли.
Смеењето го намалува крвниот притисок
Кога насмевката ја имате на лицето притисокот ви е стабилен. Ајде пробајте. Мерете го притисокот во нормална состоја, а потоа насмејте се и измерете повторно. Тоа ќе ви биде доволен доказ.