Еднобојна платнена чанта е идеален моден додаток во летните денови, а уште ако ја украсите со интересен принт сите ќе ве прашуваат од каде сте ја набавиле.
Се што ви е потребно за да ја направите оваа чанта е молив со гума на врвот и боја за текстил.
Еднобојната торба ние ви предлагаме да и дадете романтичен печат особено ако ги сакате боите на розовото и црвеното.
Направете од хартија шаблон во форма на срце. Се што треба е со врвот на моливот, односно гумата да го натопите во боја и полека да ставате печат во форма на точки кои ќе ги следат линиите на шаблонот.
Можете да одберете било каква форма и боја, сепак се работи за вкусови.




