Art & Crafts

Facebook митовите – директно влијаат на Вашиот животни одлуки

Facebook, генерално е социјална мрежа за забава и виртуелен свет кој не треба да се земе „здраво за готово“. Меѓутоа, секоја страна има и свои позитивности. Би сакале да Ве натераме да размислите дали Facebook e само мит… или може да има директно влијание врз Вашиот живот.

Ви претставуваме осум предрасуди кои се однесуваат на запознавањето преку Facebook.

1. Не би требало згодна личност да „ бара “ свој партнер онлајн ???

Исто како и во реалниот живот, и на Facebook имаат профили згодни луѓе кои можеби поради динамичниот живот или животните ситуации немаат време и прилика да се забавуваат по клубови. И  токму на Facebook наоѓаат прилика да дојдат до сродна личност.

2. Само очајните луѓе бараат ???

Луѓето кои сакаат некого да запознаат не се очајни, ниту лузери. Напротив, тоа се харизматични и шармантни луѓе со одлична способност за комуникација. Монотониот живот и секојдневните опкружувања алудираат токму на ваквиот начин на комуникација. А истата, може да биде и пресудна за запознавање луѓе со слични интереси.

3. Сите лажат на web ???

Многумина се убедени во тоа дека „ online dating “ се состои од многу зборови, а малку дела. Преку Facebook, многу е полесно да се прикрие вистината за себе и да се лаже, но кога личностите ќе се сретнат лице во лице… сите маски паѓаат ! Тука, и да постоеле лаги, прикажани онлајн, изразите на лицето ги простуваат и сите маани преминуваат во потреба личноста да се запознае се подлабоко…

4. Нема добри слободни мажи ???

Исто така, сите сметаат дека луѓето преку интернет бараат само секс, што е многу контрадикторно… Како и да е, исто како и во клубовите или местата во кои излегувате и на Facebook постојат луѓе кои имаат различни желби и интереси. Преку Facebook може да најдете пријателство кое подоцна може да се развие во нешто повеќе, а можеби и не…

5. Онлајн опасности ???

Комуникацијата преку интернет и давањето податоци на лицето кое не го познаваме доволно може да донесе многу опасности. Како и да е, не е гаранција дека до нив нема шанси да дојдеме доколку комуникацијата се одвива лице во лице. Сепак, следете ги правилата за сигурност и нема да погрешите…

6. Нема шанси на Facebook да ја пронајдете Вашата љубов ???

Секако дека никој не може да најде сродна душа при почетокот на процесот на запознавање. Меѓутоа со оглед дека речиси секој, денес има Facebook профил, не е невозможно да дојдете до личност во која ќе се заљубите. Постојат парови кои се во среќен брак повеќе години, а се имаат запознаено онлајн.

7. Врските на далечина не траат ???

Доколку запознаете некого кој не живее во Вашиот град, тешко е да се одржуваат искрите. Меѓутоа со оглед на тоа дека овие личности не се во можност да  се видат секој ден, истите ќе комуницираат почесто, ќе бидат пострпливи и поискрени.

8. Притисок од околината ???

На многу парови им е непријатно да признаат пред околината дека се запознале онлајн. Пред десетина години, паровите кои се запознавале онлајн, биле кртитикувани и иссмевани од околината. Денес, сé повеќе личности се импресионирани од приказните за таквиот начин на запознавање. Во општество каде дури и најтрадиционалните врски пропаѓаат, начинот на запознавање не е воопшто важен.

Напиши коментар