Motherhood

Факти за бебињата кои не ги знаете…

Бебињата се огромно чудо и нé изненадуваат секојдневно. Постојат многубројни занимливи факти во врска со тоа дека бебињата имаат некои способности кои делуваат потполно неверојатно. Ви претставуваме некои факти кои можеби не сте ги знаеле за бебињата.

Убаво бебе – Убава возрасна личност : Иако постои некое мислење дека секое бебе кое по раѓањето е убаво, секако ќе биде убаво и кога ќе порасне, не е точно…

Бебињата не се себични – Веќе на на 15 месеци бебињата имаат чувство за правда. Чесни се и секогаш го делат она што го имаат и со други деца.

Бебињата се расисти – Едно американско истражување на Универзитетот во Шефилд, покажува дека многу бебиња на возраст од три месеци, покажуваат поголема наклонетост, спрема своите врсници од иста раса. Поради тоа, никогаш не е прерано Вашето дете да го научите дека сите луѓе се еднакви.

Бебињата го чувствуваат ритамот на музиката – Верувале или не, бебињата имаат чувство за ритам, а многумина распознаваат весела од тажна музика. Исто така докажано е и дека бебињата реагираат на одредени типови музика. Така, ако музиката е весела, така ќе се однесува и бебето, додека бебето ќе стане сериозно ако му пуштите тажна музика.

Бебињата разликуваат „ добро “ и „ лошо “ –  Многу бебиња на шестмесечна возраст, умеат да разликуваат добро и лошо. Кога би му го пуштиле на бебето цртаниот филм „ Том и Џери“ што мислите кој лик повеќе би му се допаднал ? Најверојатно „ добриот “ Џери кој во поголемиот случај ги предизвикува сите проблеми.

Напиши коментар