Дестинации

Факти за Дубаи, кои најверојатно не сте ги знаеле!!!

Дубаи е едно од најпосетените и најубавите места на светот. Деловниот центар со специфична култура и неверојарна архитектура поседува неверојатен шарм, кој привлекува огромен број туристи. Особено последните неколку децении, кога стана  неверојатно популарен не само како туристичка атракција, туку и за живеење.

Ви претставуваме неколку факти за Дубаи, кои најверојатно не сте ги знаеле:

1. Не верувајте на се што пишува во туристичките водичи и брошури !

Кога ќе напишат „ топла клима идеална за сончање “, тоа не е баш онака како што замислувате, бидејќи и најголемиот љубител на сонце нема да може да помине повеќе од 5 минути на плажа за време на летните жештини, а да не изгори. Освен тоа, влажноста на воздухот понекогаш достигнува и до 100%, што лаички кажано, значи дека во воздухот се наоѓа максимално количество вода, со сепак дека тоа и понатаму е воздух. Како ли им е само на тенисерите?

2. Локалното население чини помалку од 20% од популацијата…

Големиот број доселеници буквално го „ истурка “ локалното емиратско население. Тие често се чувствуваат како странци во сопствената земја, бидејќи сите останати доаѓаат од сосем различни култури. Сепак, сите се согласуваат, покрај неверојатно ниската стапка на криминал ( насилството скоро и не постои ) и минималното општествено раслојување.

3. Бројот на жители, од 1955 година е двојно зголемен

Далечната 1955 бројот на жители изнесувал нешто помалку од 700.000, а денес изнесува околу 1.4 милиони жители и покрај малиот пад поради рецесијата. Понекогаш може да се почувствувате и како надзорник на големиот град во изградба, бидејќи инвеститорите брзаат да ги завршат станбените блокови, така што новодојдените би имале свои домови.

4. Во Дубаи се наоѓаат најдобрите трговски центри на светот

Трговскиот центар е американси изум, но Дубаи ги поставува стандардите. Во него, трговските центри се неверојатно луксузни, со софи од чиста кожа, мермерни подови, преубави фонтани и тоалети кои одговараат на хотелите со 5 ѕвезди. Во некои центри, има дури и вештачки улици кои асоцираат на улиците од добата на ренесансата, заедно со лажните париски светилки. Она што во тој момент ќе го сфатите е фактот дека луѓето навистина го сакаат само нешто што е нестварно.

5. Најамбициозното место со многу суперлативи…

Највисоки згради? . Највисок хотел ?  Најголем трговски центар ? Најголем аквариум? Да… Дури соборен е и рекордот на жители по име Мухамед.

6.Во 1968 година во целиот град имало само 13 возила

Неофицијално, но посакувано од страна на денешниве жители кои во гужви поминуваат дури и по цели 3 часови.

7. Во 1991 година постоел само 1 облакодер. Сега ги има 400.

8. Во Дубаи можете и да скијате во трговските центри.

9. Во Дубаи владее династијата Ал Мактоум од 1833 година.

10. Во Дубаи нема улични адреси.

11. Во Дубаи нема даноци.

12. Една од пет личности во Дубаи купува по 5 парчиња златен накит секоја година.

13. Изградени се острови од човечка рака – Палмините острови.

14. Годишното количество врнежи е само 13 сантиметри.

15.Валутата е дирхам ( Dh ).

16. Најголемите коњи живеат овде.

17. Има најголеми приходи по жител во светот.

Напиши коментар