Мојата кујна

Фанки шпагети по рецептот на Џејми Оливер

Познатата водителка Опра Винфри често во својата емисија повикува познати готвачи кои ги претставуваат своите специјалитети. Овојпат го издвоивме рецептот за фанки шпагети на познатиот англиски готвач Џејми Оливер.

Потребни состојки:

  • 500 гр. шпагети или лингвини
  • 300 гр. шери домати
  • 3 лажици мајоран
  • 3 лажици босилек
  • 8 лажици масло за јадење
  • 1 главица лук
  • Вински оцет
  • Морска сол и црн пипер

Припрема:

Сварете ги шпагетите или лингвините во солена вода со малку масло за јадење. Откако ќе се сварат, измијте ги во ладна вода и оставете ги да се исцедат.

Во посебен сад ставете ги шери доматите кои сте ги исецкале на половинки и измешајте ги со ситно исецканиот лук, 8 лажици маслиново масло, босилекот, мајоранот и оцетот.

Смесата посолете ја со морска сол и наросете црн пипер. Потоа со рака малку изгмечете ги шери доматите, се додека не пуштат малку сок. Во таа смеса додадете ги претходно сварените шпагети или лингвини.

Распоредете ги приготвените шпагети или линвини во чинии за сервирање и врз нив наросете пармезан. Добар апетит!

Напиши коментар