Мојата кујна

Фантастичен деликатес со пилешко и сирење

Потребни состојки:

За фил:

  • 200гр пилешко бело месо
  • главица кромид
  • 50гр крем сирење
  • 50гр сирење
  • магдонос
  • половина лажичка сенф
  • сол, бибер

За тесто:

  • 250 мл млеко
  • 250мл супа или вода
  • лажичка сол
  • 100гр путер
  • 350гр брашно

За поховање:

  • 2 белки од јајца
  • презла
  • масло

Начин на подготовка:

Сварете го белото месо заедно со исецканиот кромид. Месото и кромидот извадете ги, а течноста сочувајте ја. Кога пилешкото малку ќе се олади, исецкајте го на коцки, а потоа со раце одвоете го. Сварениот кромид исечете го и измепајте го со пилешкото. Додадете крем сирење и сирење, сецкан магдонос, сенф, сол и бибер по вкус. Смесата оставете ја во фрижидер. Во тенџере ставете 250 мл течност во која се вареше пилешкото, 250 мл млеко, сол и путер, па оставете да проврие. Додадете го брашното и енергично матете со дрвена лажица триесетина секунди. Тестото ставете го на работната површина да се олади. Месете го тестото и формирајте цилиндер со должина околи 50см, па исечете го на 28 еднакви парчиња. Парчињата ставете ги на работната површина и со дланките формирајте кругови. Во средината ставете малку фил, краевите подигнете ги и споете ги да се формира шпиц. Батачињата натопете ги прво во пенасто иматени белки, а потоа во презла. Наредете ги во послужавник и вратете ги во фрижидер на половина час. Пржете ги во врело масло додека не поруменат, околу 5 минути. Сервирајте ги топли со салса или павлака.

Напиши коментар