Corallo House е проектирана од Paz Arquitectura и се наоѓа во Гватемала сити, Гватемала. Фактот што не импресионираше е фасцинантниот детал кој ја прави оваа куќа единствена – проектирана е врз парцела на која имало возрасни масивни стебла и кои архитектот буквално решил да ги интегрира при градењето на резиденцијата. Основна идеја на проектот било имено да се зачуваат дрвјата, за да можат да бидат дел од животниот простор.
































