Sweet Home

Фасцинантен пловечки дом на езеро во Сиетл, САД

Vandeventer + Carlander Architects е името на дизајнерскиот тим кој идејата за преубава куќа на езеро, ја оствари на езерото Union во Сиетл… Колку е само волшебно да се има куќа на езеро. Интересно би било и кога не би можеле да одговорите на прашањето… Која е Вашата улица ?

Како и да е, станува збор за неверојатна лебдечка куќичка, за која секој збор би бил непотребен. Внатрешноста е исклучително модерна и практична, а огромните прозорци овозможуваат поглед на градот во сите дирекции.

Интимноста овозможена на модерен начин од тимот професионалци би била идеално место за живеење на многу луѓе. Самиот екстериер ќе Ве предизвика да размислите за овој дом, а дизајнот на ентериерот дефинитивно ќе Ви потврди…

Само дома си е дома… сепак во овој случај може да се прекрши правилото !!!

Напиши коментар