Motherhood

Фејзбук причина за 30% од разводите

Емоционалното изневерување во социјалните мрежи е причина за 30% од разводите вели статистиката.

Неверството е појава постара и од светот како што велат сексолозите, но во последно време се појавија нов тип неверни партнери. Тие во случајов лажат не физички, туку емоционално, што за повеќето жени е уште пострашно. Доволно е само да влезат во мрежата и да најдат човек што ќе им овозможи емоционално полнење, што не го добиваат од партнерот во реалноста.

Според статистиката три од секои десет бракови се распаѓаат поради социјалните мрежи. Се повеќе мажи започнуваат емоционална врска во жена преку интернет која покасно станува вистинска. Навидум невината конверзација преку овие мрежи со тек на време преминува во реална љубовна романса.

За да проверите дали и вие сте на пат да извршите неверство преку Фејзбук одговорете на следните прашања:

Имате ли желба постојано да пишувате со конкретен човек, а тоа не е вашиот партнер?

Дали ги криете разговорите од вашиот партнер?

Постои ли сексуална привлечност кон човекот со кој комуницирате?

Ако одговорот на овие прашања е „да“, тогаш е време сериозно да размислите за врската во која се наоѓате и колку стабилна е таа.

Напиши коментар