Внатрешниот дизајнер Роберта Џејмс, од студиото Interior Desires, со задоволство ја претстави преубавата куќа на пет ката во Лондон. Луксузната куќа со девет спални соби, уникатен стил и експлозија од бои е остварена преку идејата за дом кој би ги задоволил вкусовите на секоја жена.
Модерниот, возбудлив и софистициран ентериер иако како инспирација ја има женственоста, совршен е за романтичните парови и за поголеми семејства. Самата атмосфера е како во бајките, внатрешноста е необична и гламурозна, а богатата декорација, при која се употребени кожа, свила и сатен ја искажуваат луксузната страна.
Вистинско задоволство е да се живее во ваков дом…