← НАЗАД НА БОЗА

Фенг шуи совети… За повеќе пари !!!

Фенг шуи совети… За повеќе пари !!!
3189 Читања

Знаевте ли дека со фенг шуи, можете да привлечете повеќе пари во Вашиот живот, да ги подобрите Вашите деловни шанси…

Парите се поврзуваат со најблискиот лев агол од било кој дел од просторот. Главното подрачје е во најјужниот агол во станот, а постои и подрачје на финансии во секоја просторија, работната соба, спалната, кујната… За да ги исполните овие подрачја со позитивна енергија, следете ги следниве совети:

1. Исчистете го нередот во овие подрачја. Ако ги отстраните непотребните предмети  ќе привлечете позитивна финансиска енергија…

2. Поправете ги сите предмети кои се скршени и нефункционални. Она што не работи не би требало да го чувате во просториите, а и во целиот дом…

3.Исполнете ги овие подрачја со симболи на богатство. Парички, среќен бамбус или било кој друг предмет кој симболизира богатство. Може да бидат и лични предмети, како слика од Вашата омилена луксузна куќа, моделот на јахта или автомобилот кој го посакувате…

4.Финансиското подрачје во домот исполнете го со зелено и виолетово. Зелената боја симболизира виталност и раст, а виолетовата е бојата на богатството.

5. Обрнете внимание како се однесувате спрема парите секојдневно. Ги чувате ли неуредно по џебовите??? Од паричникот извадете се што е непотребно,а  спрема паричникот однесувајте се како кон нешто вредно.

6.Ако одбивате да се занимавате со пари и тие ќе се одбиваат од Вас. Поради тоа, плаќајте на време, внимавајте на трошоците…

7. Живејте дарежливо. Парите формираат посебна енергија и треба да постојат во Вашиот живот, значи мора да давате за да добивате. Ако немате пари кои би можеле да ги споделите со други, давајте љубезност, време, енергија, вештина или почит.

8. Бидете благодарни на она што го имате. Што повеќе ги цените нештата кои ги имате, независно колку мали и да се, тоа ќе привлекува нови нешта во Вашиот живот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk