ШоуБиз

Fergie покажа совршена фигура :)

Пејачката Fergie (37) на својот Твитер профил објавила слика од својот неодамнешен одмор во Мексико. Таа моментално се наоѓа на прекрасните плажи во Јужна Америка и ужива заедно со својот сопруг, актерот Josh Duhamel.

Слободно можеме да кажеме дека со оваа фотка се дементираат било какви гласини во врска со наводната бременост на пејачката која неодамна ја напушти групата „Black Eyed Peas“. Токму тоа беше и причината поради која почнаа да се шират написи дека Fergie сака да му се посвети на приватниот живот и да го прошири семејството.

Останатите членови на групата си почнаа соло кариери, а will.i.am е дел и од телевизиското шоу „The Voice“.

Напиши коментар