Најскапите предмети продадени на аукција
Ferrari 250 Testa Rosa, 1957 година
12.000.000 долари
Постојат само 21 модел од овој автомобил, но ниту еден не е волку скап како овој на фотографијата. Ferrari 250 Testa Rosa од 1957 година освои 10 од 19 меѓународни релија во периодот помеѓу 1958 и 1961 година. Но, овој модел никогаш се нема пласирано повисоко од 4-то место.
И покрај сè, продаден е за рекордна цена на аукција организирана во Сотеби во 2009 година. Брзината не била воопшто важна, туку – убавината.