ШоуБиз

Фифти, брате преживеавме!

Дали знаете зошто еден гусак од Арканзас се вика 50 Cent? Затоа што на него е пукано исто како и на чуениот рапер.

Ветеринарот од Арканзас Роб Конер, се обидува да најде дом за гусакот на кој било пукано минатиот месец . Веста дека гусакот бил упукан седум пати најпрво била објавена од хумани причини, со цел да се дигне свеста кај народот и да престанат да ги измачуваат животните. А потоа станала мега популарна заради името на гусакот, 50 Cent. Името го добил од ветеринарот кој го оперирал. Тој се присетил дека истата судбина ја имал и 50 Cent, а и тој храбро ги преживеал куршумите.

Вистинскиот 50 Cent бил упукан во 2000 година и тоа девет пати токму пред семејната куќа во која живеел со баба му. Ранет во дланката, раката, двете нозе, колкот, градите и образот тој успеа да го преживее сето тоа.

Напиши коментар