ШоуБиз

Филџанот на Lady Gaga продаден за 46.000 фунти!

Продаден е филџанот од кој популарната пејачка Lady Gaga пиела чај и тоа за неверојатни 46.000 фунти.

Имало дури 1.300 понуди за купување на овој предмет на добротворната акција во Јапонија. Филџанот со трага од кармин и автограм на пејачката е користен на конференцијата за новинари во Токио три месеци по разорниот земјотрес и цунами во Јапонија во март, 2011 година. На филџанот пишува „Се молиме за Јапонија“. Пејачката и за време на природните катастрофи во Јапонија наоѓаше начини да помогне и собере пари за настраданите.

Парите од продажбата ќе бидат наменети за уметниците кои студираат во САД. Кристалниот клавир кој го користел јапонскиот рокер Yoshiki е продаден на истата аукција за 85.000 фунти.

Напиши коментар