Здраво тело

Филмовите создаваат пушачи

Тинејџерите кои гледаат многу филмови во кои има ликови кои пушат имаат големи шанси и тие да пропушат, покажало едно американско истражување објавено во магазинот „ Pediatrics”.

Досега се расправало само дека филмовите влијаат тинејџерите да станат повулгарни, насилни, но не се истражувало дали тие може да почнат да пушат.

„Колку повеќе гледаат такви лица во филмовите, толку повеќе може да почнат да пушат и на тој начин да личат на филмските ѕвезди“ смета Џејмс Саргент од медицинскиот факултет во Њу Хемпшир.

Истражувачите анкетирале тинејџери на возраст од 10 до 14 години и утврдиле дека оние кои гледаат повеќе филмови во кои се пушти, има голема веројатност и тие да почнат да пушат.

 

Напиши коментар