Дестинации

Фиренца- градот на ренесансата и центарот на Тоскана…

Фиренца е град во средна Италија, град во кој тече прекрасната река Арно и главниот град на регијата Тоскана и провинцијата Фиренца со околу 370.000 жители. Поради културното и уметничко значење, Фиренца ја нарекуваат „ Италијанска Атина“. Римјаните во првиот век п.н.е. всушност на ова место основале мала тврдина која ја нарекле Флорентија ( цветна ). Наскоро, овде израснал град со форум, бањи и амфитеатри.

Во 14 и 15 век овој град просперира и се истакнува како центар на европската култура и уметност. Многу уметници и учени луѓе од епохата на Ренесансата живееле и создавале во Фиренца: Донатело, Ботичели, Микеланџело, Макијавели, Да Винчи, Галилеј. Богатата фамилија Медичи, во 15 и 16 век стекнала голема моќ. За време на владеењето, патрони на градот биле врвни уметници и научници. Фиренца станала дел од Италија помеѓу 1865 и 1871 година и била нејзин главен град.

Фиренца е град кој мора да биде посетен од страна на секој љубител на уметноста.  UNESCO  проценува дека 60% од светското уметничко наследство е сместено во Италија, а повеќе од половината се наоѓа токму овде.

Градот е динамичен и има голем избор на ресторани, клубови, барови, кои долго ќе ги паметите. „ Gelato Artigenale “ е највкусниот сладолед на светот, специфичен само за овој простор, вкус кој создава зависност и претставува само уште една мамка, која без престан ќе Ве влече да дојдете во овие простори.

Погледнете је Фиренца- гаранцијата дека уметноста секогаш ќе биде во подем…

Напиши коментар