Motherhood

Физичката далечина – клучот на среќниот брак !!! ???

Еден од десет британски парови, спие во различни соби и тврди дека нивната врска е силна, покажуваат најнови истражувања.

Актерката Хелен Бонам Картер и нејзиниот партнер, режисерот Тим Бартон, спијат во одвоени куќи, за нивниот однос да биде посилен. Ако не можете да си дозволите до толку драстични мерки, се чини и дека спиењето во одделни спални соби може да помогне.

Покрај тоа, една третина од паровите одат одвоено на годишни одмори, а повеќе од петтина од паровите, си овозможуваат еден „ тајмаут “, со цел, правење различни работи, со семејството, пријателите… 39% од паровите веруваат дека нивниот однос е поздрав, бидејќи имаат независност, додека 5% сметаат дека поради тоа што се во  различни соби, имаат и повеќе среќа во односот.

Во просек, паровите поминуваат само 22 часа заедно за време на работната недела, а скоро половина од паровите ги обвинуваат напорните работни распореди за недостаток на квалитетно време. 20% не поминуваат повеќе време со партнерот бидејќи се дружат со пријателите, а 16% за виновно го сметаат одењето во теретана.

Во анкетата се испитувани повеќе од 1000 луѓе , повозрасни од 18 години, а се покажало дека повеќе од 10% од мажите имаат своја соба за игри, додека жените имаат соба за средување. Интересно, 5% радо би ја поминале ноќта со својата мачка отколку со партнерот. 19% од паровите, еден од оброците не го јадат заедно.

Напиши коментар