Здраво тело

Физичката неактивност поопасна од дебелината !!!

Компаниите кои ја промовираат идејата за здрав живот секогаш се фокусирани на она што треба да се јаде и предупредуваат дека дебелината е најголемиот здравствен проблем на модерното живеење. Но вистината вели поинаку… Суштината на проблемот лежи во недостатокот на физичка активност.

Тим од англиски научници ја проучуваа физичката активност кај луѓето и дојдоа до заклучок дека и покрај вишокот килограми Вие можете да бидете во животна форма. Во поглед на ризикот за смрт подобро е да имате вишок килограми но да бидете активни отколку со нормална тежина и неактивни.

Според тоа проблемот не е во дебелината и вишокот килограми, со самото тоа,  физичката неактивност е најголемиот здравствен проблем на 21 век. Луѓето се поопседнати со фактот што ќе каже вагата, наместо да обратат внимание на својот неактивен стил на живот.

Вагата лаже, телото не… послушајте го телото што Ви говори. Вишокот килограми е нормална појава која лесно се решава. Обратете повеќе внимание на Вашата активност, пробајте да одвоите 30 минути од  денот за активност по Ваша желба. Диетите колку се здрави толку и се штетни… Подобро половина час активност  отколку половина час пред телевизор.

Имате две опции… Првата е диета, втората е физичка активност !!!

Изборот останува на Вас …

Напиши коментар