Motherhood

Физичкото насилство врз децата предизвикува ментални болести !!!

Најновите истражувања во врска со причинителите на менталните заболувања, покажуваат дека овие болести можат да ја имаат својата основа уште од најрано детсво. Всушност, децата кои за време на растењето трпеле некој облик на физичко малтретирање, подоцна стануваат зависни од алкохол, разни пореметувања или да станат депресивни.

Стручњаците тврдат дека понижувачки физичкото казнување, може да предизвика чувство на срам кај детето, а под негово влијание, детето да се повлече во себе, да стане асоцијално и да не развива соодветни друштвени односи со другите.

Америчко здружение на педијатри, во 2004 и 2005 година, спровело истражување во кое учествувале 34. 600 личности постари од 20 години.

Студиите покажуваат дека кај личностите кои биле физички казнувани додека биле деца, ризикот да станат зависни од алкохол е поголем за 59%, ризикот од депресија е поголем за 41%, а за 24% се поголеми шансите дека личноста ќе пати од напад на паника.

Напиши коментар