Гламурозната куќа, која се наоѓа во „ Рајската долина “, Аризона е на продажба. Ако имате 10 милиони долари и сте во потрага по домот од Вашите сништа, се наоѓате на вистинското место. Со оглед на стандардите, ретко кој би можел да го претвори својот сон во јаве, но убаво би било барем да го запознаеме домот кој е прогласен за совршен.
Современата куќа која има две нивоа се состои од неверојатни осум спални и приватни простории во кои преовладува релаксирачка атмосфера и се наоѓаат мини-голф терени. Останатиот простор го сочинуваат дванаесет бањи, две големи дневни соби, соби со интимна атмосфера, библиотека, фитнес сала и кружен базен, преубави трпезарии, огромни кујни.
Убаво би било барем за момент да се најдеме на овој прекрасен имот…















