ШоуБиз

Форбс: Џеј Ло е највлијателната личност

Пејачката и актерката Џенифер Лопез, со годишна заработка од 52 милиони долари и голем пораст на популарноста се најде на првото место на листата на Форбс за највлијателни личности.
Во 2010 година популарноста на Џеј Ло почна нагло да расте. Најпрво се омажи за Марк Ентони, па ги роди близнаците, па следеше разводот. Оваа година таа влезе како еден од главните членови на жирито на американскиот Идол, во врска е со двојно помладиот Капсер, што дополнително го зголеми нејзиниот публицитет. Снимаше реклами за Лореал и
Жилет, што дополнително го зголеми вкупното конто на нејзината сметка. Со тоа таа заслужено се најде на оваа листа токму на првото место.
Веднаш зад неа се најде водителката Опра, која долги години се наоѓаше на првото место. Минатата година ја симна од првото место Лејди Гага, но оваа година таа доживеа голем пад.
Иако има само 18 години на третото место се најде Џастин Бибер.

Напиши коментар