Убавина

Фото лекција за совршена шминка

Во неколку чекори ви ги објаснуваме најдобрите варијанти за smokey изгледот…Како да се нанесе, кои бои да се употребат, како да се добие најбалансиран ефект… Сето ова ќе го добиете на најдобриот можен начин без да потрошите многу финансии.

1. Започнете најпрво со чистење на лицето, потоа нанесете база/коректор на очите, така што се нанесува целосно околу очите над и под капакот. Коректорот е добар и за покривање на темните флеки , како и на подочниците…

2. За побалансиран изглед, се става црна линија низ целото око, на горниот и на долниот капак. Можете да користите молив за очи, бидејки тој најдобро се размачкува, без да го губи интензитетот на црната боја. Најдобро се размачкува со прст.

3.Нанесете темно кафена, сенка на врвот над линијата и изедначувајте ја со бојата на капаците се додека не се изгуби.

4. Нанесете мат кафеноцрвеникава боја од каде се губи тонот на темната нијанса, за да се добие по креативен ефект. Истиот ефект повторете го и под окото. Ефектот е подобар со оформување на округла форма на очи а се потенцира ефект на зголемување на очите.

5. Нанесете ја маскарата и сте завршиле конечно со вашиот мејкап. Кафената нијансата на маскарата , дава помек изглед и по племенит изглед.

6. Кога конечно ке ја оформите сенката и ќе го дефинирате комбинирањето на нијансите, можете да поминете на крајот со четка за очи, за вишокот на сенка да отпадне. За конечниот ефект да остане на очите, на усните се става неутрален сјај.

Напиши коментар