Секој од нас убавите моменти сака да ги забележи со фотографија. Па тогаш се јавува желбата сите тие убави моменти со вашите најмили да ги ставите на посебно место во домот.
Ние ќе ви дадеме неколку предлози како може на интересен начин да го украсите домот и тоа со фотографии.
Еден од убавите начини да ги искористите фотографиите како украс, а воедно и да им дадете посебна почит е со нив да направите слика во облик на срце. Залепете ги сликите за еден еднобоен ѕид во облик на срце.
Или пак одберете неколку омилени фотографии, извадете ги во поголем формат и ставете ги во исти рамки. Поставени едни до други на ист ѕид изгледаат преубаво.
Доколку пак сакате да ги избегнете правите линии и правилното редење може да ги поставите спонтано, онака како што ќе ви дојде и во рамки со различна боја и големина.
Доколку во собата имате еден празен ѕид може квалитетно да го пополните. Во една голема рамка ставете многу ваши фотографии.
Има уште многу начини како да ги поставите фотографиите во домот. Погледнете: