ШоуБиз

Фотошоп катастрофална година :)

Интернет порталот „Psdisasters.com“ објави листа на најголемите фотошоп грешки изминатава година.

На прво место се наоѓа убавицата од „Victoria’s Secret“ која рекламира црвена маичка со јака, а по грешка ѝ е избришана едната рака. Тоа не е чудно за оваа модна куќа. Честопати, манекенките се појавуваат на слики со исчашени рамена и неверојатно слаби нозе.

На второ место се наоѓа девојката која рекламира „push up“ за модниот брент „Тотси“ и тоа со два лакта на едната рака, додека пак, третото место го зазеде плавушата на која ѝ ја залепиле главата на туѓо тело.

Меѓу Фотошоп грешките кои ја обележаа минатава година е и турскиот „Вог“ во кој ѝ се избришани градите на една манекенка, потоа пејачот на „Марун 5“ на кој му фали дел од колкот, како и сопругот на Никол Кидман кој на официјалниот сајт го прегрнува невидлива жена.

Погледнете и сами!

Напиши коментар