Интересен рецепт за брз и едноставен десерт, кој со сигурност ќе ја задоволи вашата потреба за чоколадо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 грама путер
120 грама црно чоколадо
4 јајца
60 грама брашно
100 грама шеќер
3 децилитри слатка павлака
ПОДГОТОВКА:
На пареа растопете ги црното чоколадо и путерот.
Изматете ги жолчките, брашното и шеќерот.
Во друг сад настрана изматете ги белките и спојте ги смесите (Мешајте со лажица).
Откако ќе добиете компактна маса додадете го стопеното чоколадо и измиксирајте со најмалата брзина на вашиот миксер.
Смесата ставете ја во замастен сад за печење ( по можност во кружна форма) и печете на 200 степени Целзиусови околу 30 минути.
Кога колачот ќе биде испечен, можете да декорирате на различни начини.
Растопете дополнително чоколадо и прелиј те го колачот.
Почекај те да се олади и ќе можете да го сервирате со шлаг или слатка павлака, изборот го оставаме на Вас.
Уживајте!!!
