Мојата кујна

Француска чоколадна торта

Интересен рецепт за брз и едноставен десерт, кој со сигурност ќе ја задоволи вашата потреба за чоколадо.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 грама путер

120 грама црно чоколадо

4 јајца

60 грама брашно

100 грама шеќер

3 децилитри слатка павлака

ПОДГОТОВКА:

На пареа растопете ги црното чоколадо и путерот.

Изматете ги жолчките, брашното и шеќерот.

Во друг сад настрана изматете ги белките и спојте ги смесите (Мешајте со лажица).

Откако ќе добиете компактна маса додадете го стопеното чоколадо и измиксирајте со најмалата брзина на вашиот миксер.

Смесата ставете ја во замастен сад за печење ( по можност во кружна форма) и печете на 200 степени Целзиусови околу 30 минути.

Кога колачот ќе биде испечен, можете да декорирате на различни начини.

Растопете дополнително чоколадо и прелиј те го колачот.

Почекај те да се олади и ќе можете да го сервирате со шлаг или слатка павлака,  изборот го оставаме на Вас.

Уживајте!!!

Напиши коментар