Мојата кујна

Француски десерт – пита со јаболки

Потребни состојки:

–      50 гр путер

–      1 пакување смрзнато лиснато тесто

–      1 кг јаболки

–      300 гр кафен шеќер

Подготовка:

Со путер премачкајте ја тавата за печење. Посипете со брашно одозгора. Растегнете ја кората лиснато тесто во големина на тавата за печење. Одозгора попрскајте ја кората со кафен шеќер. Излупете ги јаболките и исечете ги на кришки. Густо распоредете ги на кората. Одозгора посипете уште малку кафен шечер. Ставете ја тавата во загреана рерна и печете на 200 степени околу 15 минути. Кога ќе ја извадите тавата од рерна посолете ја питата со цимет.

Напиши коментар