Мојата кујна

Француски колач од кашкавал и маслинки

Потребни состојки:

–          100 гр брашно

–          половина кесичка пециво

–          половина лажичка сол

–          4 јајца

–          250 мл млеко

–          100 гр рендан димен кашкавал

–          120 гр маслинки без семки

–          1 лажица маслиново масло

–          половина врзоп рукола

–          200 мл кисело млеко

 

Подготовка:

Измешајте го брашното, пецивото и солта. Додајте ги јајцата кои претходно ги измативте со вилушка. Убаво измешајте ја смесата да нема грутки. Потоа додајте го мелкото, кашкавалот, маслинките и маслиновото масло. Убаво измешајте и оставете смесата нека отстои два часа.

Убаво измешајте и сипете ја смесата во правоаголен плех обложен со хартија за печење. Печете околу 40 минути на 180 до 200 степени. Печете додека кората не зарумени.

Измешајте ја ситно исецканата рукола со кисело млеко, со овој сос прелијте ги прачињата колач од кашкавал и маслинки.

 

 

Напиши коментар