Мојата кујна

Француски палачинки ( Crepes )

Потребни состојки:

–      1 јајце

–      225 мл млеко

–      ¼ лажичка сол

–      ½ лажичка шеќер

–      100 гр брашно

Подготовка:

Измешајте го брашното со шеќерот и солта во еден сад. Направете длабнатина и во неа ставете го јајцето. Убаво измешајте. Додадете го млекото и продолжете со мешање. Загрејте ја тавата на средна температура. Сипете ја смесата, околу 60 мл за една палачинка. Пржете ја околу 2 минути, додека не стане златно жолта. Превртете ја од двете страни додека ја пржите.

Вака направените палачинки филувајте ги со ванила крем или пудинг или пак чоколаден крем, на кој ќе распрскате многу свежо овошје.

По желба може и да направите сос од овошје со кој ќе ги прелеете палачинките.

 

Напиши коментар