Секоја вистинска дама знае дека изгледот на ноктите е подеднакво важен како и изборот на облека и аксесоари. Состојбата на ноктите зборува многу за карактерот на жената. Бојата и формата на маникирот можат да бидат избрани во зависност од модните тенденции, облеката и расположението. Но кога станува збор за класика, тогаш има само едно вистинско решение – францускиот маникир.
Францускиот маникир е класика во дизајнот на нокти. Нокти со природна боја, со прецизни бели крајеви секогаш се елегантни и убави. И независно како сте облечени, со искинати фармерки или мал црн фустан остава впечаток на вистинска дама со класа и стил.