Дали некогаш ви се случило да одите на фризер, сакајќи да направите поголема промена а при тоа сте згрешиле? Треба да бидете свесни дека не секоја фризура одговара на обликот на лицето.
Фризури за коцкасто лице
За оваа форма на лице најдобро одговараат фризури кои се слоевиот шишани и шишки. Одговара секоја должина на коса. Но внимавајте, никако не се шишајте рамно, тоа дополнително ќе го истакне обликот на лицето.
Фризури за долгнавесто лице
Во прашање е универзален облик на лице, па може да носите кратка, долга, рамна, таласеста фризура. Само одберете кој дел од лицето сакате да го истакнете, ако се во прашање јаболчниците одлучете се за слоевита фризура. Акцент на усните ќе дадете со боб фризура без остри краеви. Никако не смеете да се ишишате многу кратко, тоа уште повеќе ќе го издолжи вашето лице.
Фризури за округло лице
Ваша карактеристика е лице без остри црти и заоблена брада. Фризурата треба да ви биде таква што косата ќе ви паѓа на лицето и ќе го прекрива делот кој е заоблен. Кратка коса која ќе ги истакне заоблените делови од лицето не се препорачува.
Фризури за оние со триаголно лице
На овој облик стојат повеќе фризури. Доколку сакате да носите шишки најдобро би било да ги носите на страна по должина. За оние кои сакаат кратка коса се препорачува да имаат фризура која ќе ги покрива краевите на вилицата, а одзади може да биде и пократка. За оние кои сакаат долга коса одлично ќе им стои таласеста коса. Никако не се осмелувајте на залижани и многу кратки фризури.