Мода

Фустанчиња кои би требало да ги имате ова лето

Ова се неколку фустанчиња кои доколку би ги имале би ви биле од голема корист. Секое за посебна прилика и за ова лето е се завршено.

Чипкано фустанче

Ова фустанче е како создадено за оние со романтичен дух. Одберете фустан кој е изработен од чипка, со едноставен крој некаде до колената. Може да биде украсено со некоја сатенска трака на половината за вечерните излегувања.

Фустан со долги ракави

Кежуал фустан со долги ракави е нешто кое навистина ќе ви заврши работа. Одличен е за неформални прилики, и е идеален за комбинација со долги ѓердани, големи парчиња накит, како додатно би го истакнале својот стил.

Долг фустан

Добро е да се има еден елегантен фустан кој ќе ви се најде токму кога најмалку очекувате. Ваков тип на фустан може да го искомбинирате со високи потпетици и добар накит и вие сте спремни. За да ја разбиете едноставноста на кројот и дизајнот може да го украсите со едно тенко ременче.

Сјаен фустан

 

Од моден аспект ни оваа година не може да се замисли без светкави материјали. Овој тренд прети да стане синоним за класика, затоа што припадничките на понежниот пол едноставно го обожаваат. Може да го носите во било која свечена прилика.

Напиши коментар