Bridal

Футуристичка колекција на Александар Мекквин за есен/зима 2012-2013

Дизајнерската куќа Александар МекКвин ја претстави својата најнова колекција за наредната сезона есен/зима 2012-2013 година, и тоа во свој препознатлив стил.

Станува збор за футуристичка колекција на фустани за невести со екстравагантен вкус. Сите модели беа преставени со футуристички очила за сонце, а самите креации се со големи и широки здолништа.

Во колекцијата ќе најдете фустани во бела, но и во црвена, розева и бордо боја, долги и кратки фустани за кои модните критичари велат дека се моќни, хипер-женствени и уникатни.

 

Напиши коментар