ШоуБиз

Гага и турнејата со замок! :)

Пејачката Лејди Гага која практично издава албум по албум, сингл по сингл, ја најави својата најнова турнеја за 2012/2013 година. Турнејата го носи името „The Born This Way Ball“, а точните места и датуми на кои ќе настапи Гага ќе бидат објавени во текот на оваа недела на нејзината официјална интернет страна.

За најавата, таа го искористила и новиот постер на кој е прикажано нејзиното лице налик дух, над еден замок кој Гага ќе го користи во претстојната турнеја.

На Фејсбук пејачката напишала:

–          Многу сум среќна и возбудена. Работиме напорно на сцената во вид на старовековен замок и едвај чекам да го видите. Ве сакам мои чудовишта.

Напиши коментар