ШоуБиз

Гага повторно шокира, но овој пат со килограмите!

Сите странски медиуми ја пренесоа веста за Лејди Гага и нејзините вишок килограми кои ги покажала во оскудната облека за време на настапот во Амстердам.

“Во моментов сум на диета, бидејќи се здебелив 10 килограми”, открила Гага на радискиот водител Елвис Дуран. “Само да знаете , воопшто не се чувствувам лошо поради тоа, ниту на момент. Морам да бидам на строга диета, бидејќи имам тенденција за набивање на мускулна маса, а тоа навистина не го сакам”, објаснила Гага.

Нутриционистите ја распнаа Гага во медиумите поради претерано консумирање на алкохол и нејзините нови килограми ги навеле како последица од тоа. И додека Гага не ја сокрива својата страст кон вотка и виски, таа за своите прекумерни килограми ги обвинува – италијанските гени и познатата кујна на нејзиниот татко.

“Обожувам да јадам тестенини и пици. Јас сум италијански државјанин во Њујорк”, изјавила пејачката и додала дека добива најмалку два килограми секој пат кога ќе стапне во ресторанот на својот татко. Гага предизвикала бројни реакции кога неодамна  онјавила на Твитер: “Јадам салата, а размислувам на чизбургер. Поп пејачките не јадат.”

Погледнете ја видео снимката ос споменатиот концерт во Амстердам и проценете сами дали има вистина во “медиумските обвинувања”.

http://www.youtube.com/watch?v=613Iptinu-s&feature=player_embedded

Напиши коментар