ШоуБиз

Gaga преку Твитер собира 30 милиончиња!

Пејачката Lady Gaga од својата страница на сајтот за микроблогинг заработува околу 30 милиони долари годишно.

Експертите процениле дека пејачката третина од своето богатство, кое засега се проценува на 90 милиони долари, му го должи на својот Твитер и своите фанови. Таа на овој сајт има рекордни 20 милиони следбеници.

Оваа бројка се заснова на фактот дека поради директната интеракција со пејачката, тие 20 милиони фанови почнуваат да ги купуваат нејзините албуми легално, наместо да ги симнуваат од интернет без да платат ни долар за тоа.

Засега можно е Твитер да биде единствениот начин преку кој Gaga комуницира со јавноста, бидејќи неодамна во едно интервју изјавила дека повеќе нема да разговара со припадници на медиумите.

Напиши коментар