ШоуБиз

Гага се промовира гола!

Таа е мајстор кога станува збор за скандали и се чини дека ѝ нема рамен уметник кога станува збор за екцентричност во шоу бизнисот. На најновите фотографии можете да ја видите „како од мајка родена“.

Без парче облека на себе, изгледа дека Лејди Гага се засити од морбидни изданија, фустани од месо, машка облека и многу други непотребни крпчиња. Овој пат за најдобро да го промовира својот албум „Born This Way“ на светската турнеја, таа решила да се соблече до гола кожа. Сметала дека тоа издание е најсоодветно за она што го промовира со својата музика.

Завиткана во прозирна завеса, која потсетува на тие што стојат во туш кабините, Гага покажа дека можеби идеите ѝ се веќе при крај.

Напиши коментар