ШоуБиз

Gaga си ја заборавила гардеробата :)

Навикнати сме да ја гледаме во секакви изданија. Искината, по долна облека, во екстравагантни фустани, во доста смели комбинации, а сега Lady Gaga почнала дел по дел да си ја „заборава“ гардеробата.

Gaga прошетала на аеродромот во Токио облечена само во јакна, искинати мрежести хулахопки и високи, црни чизми. Оваа прошетка ја направила со таква самодоверба, како тоа да е најнормална работа на светот и како секој да треба да се облекува на овој начин.

Сепак, мораме да признаеме дека од Gaga веќе ништо не може да нѐ изненади. Погледнете и ако се чувствувате инспирирано, слободно дадете коментар за комбинацијава!

Напиши коментар