ШоуБиз

Гага стартува со турнејата од април!

Претстојната турнеја на Лејди Гага ќе биде всушност приказна чие сценарио ќе ни го раскаже „Почетокот, генезисот на Кралството на славата“, – објаснува пејачката.

Засега на официјалниот сајт на Гага се објавени 11 датуми кога таа ќе настапува, промовирајќи го албумот „Born This Way“.

Турнејата започнува на 27-ми Април во Јужна Кореа, а потоа таа продолжува во Хонг Конг, Јапонија, Сингапур и Австралија, каде ќе настапува кон крајот на јуни и почетокот на јули.

Засега се познати сами овие датуми, а наредните ќе бидат објавени малку подоцна, со оглед на тоа што турнејата ќе трае до 2013 година.

Инаку, Гага планира оваа турнеја да биде спектакуларна, особено со огромниот замок што планира да го постави на сцена, а дел од нејзините фанови од публиката ќе ја имаат среќата да се прошетаат низ дворецот на чудовиштата.

Напиши коментар