ШоуБиз

Гаќичките на кралицата Елизабета на продажба!

Славните гаќички кои наводно ѝ припаѓале на кралицата Елизабета се понудени на продажба преку „eBay“.

Интересот за купување е прилично голем. Досега за гаќичките на кои е извезена буквата Е и ја има кралската круна се понудени околу 3.000 фунти. Автентичноста на долната облека сеуште не е потврдена, а кралицата наводно ја оставила во авионот по посетата на Чиле во 1968 година. Тогаш гаќичките ги зел пилотот и му ги подарил на својот пријател „Баронот“ Joseph de Bicske Dobronyi, чие семејство сега ги продава.

Гаќичите се откриени по смртта на Dobronyi во 2010 година. Во описот стои дека се во добра состојба, иако се носени и и малку пожолтени од старост.

Минатата година гаќичките на кралицата Викторија беа продадени за 9.375 фунти.

Напиши коментар