Здраво тело

Газираните пијалаци ја зголемуваат агресивноста !!!

Кај оние кои пијат газирано постои многу поголем ризик од претерано конзумирање на алкохол

Влијанието на газираните пилалаци врз однесувањето на адолесцентите е негативно исто како и влијанието на алкохолот или пушењето

Едно американско истражување направено на околу 2.000 тинејџери на возраст од 14. до 18. години покажало дека постои голема поврзаност меѓу конзумирањето на слатки газирани пијалаци и зголемената агресивност.

Резултатите покажале дека дури 70 отсто од тинејџерите дневно пијат од три до четири чаши газирани напитоци, додека останатите пијат и повеќе од тоа. Кај сите кои редовно пиеле газирано воочени се показатели на насилно однесување.

Но, она што е уште позагрижувачко е дека оние кои пијат газирано постои многу поголем ризик од претерано конзумирање алкохол. Со зголемената агресивност забележано е и недолично однесување спрема врсниците и членовите на семејството, како и лош успех во училиште.

Научниците заклучиле дека тинејџерите кои редовно пиеле газирани и засладени пијалаци биле за 9 до 15 посто поагресивни од своите врсници, со што е докажано дека влијанието на газираните пијалаци врз однесувањето на адолесцентите е негативно исто како и, на пример, влијанието на алкохолот или пушењето.

Напиши коментар